NASA предупреди за астероид кој ѝ се приближува на Земјата

Крупен астероид, кој е именуван како ЕА2, ќе пролета крај Земјата на растојание коешто е помало од оддалеченоста меѓу нашата планета и Месечината, соопштија соработниците на Центарот за проучување на небесните тела при американската агенција за вселенски истражувања NASA, кој е сместен во Лабораторијате за реактивни движења во Пасадена, во сојузната држава Калифорнија.

Како што е наведено на интернет страницата на Центарот, астероидот има пречник од 18 до 40 метри, а неговата брзина на приближување до Земјата изнесува нешто над 5 километри во секунда. Тој ќе ѝ се приближи на планетата на 22-ри март, во 6,53 часот по македонско време на 300 до 304 илјади километри, што е поблиску од растојанието меѓу Земјата и Месчината, којашто кружи на оддалеченост од 384 илјади километри.

Во февруари астрономите во рамките на програмата „Catalina Sky Survey“ открија два астероида кои прелетаа релативно близу Земјата. Астероидот 2019CN5 на 11-ти февруари мина на растојание од 116 илјади километри, а астероидот 2019CS5 на 15-ти февруари пролета на оддалеченост од околу 400 илајди километри. Следното приближување на овој астероид на Земјата ќе се случи на 9-ти сепрември, но тогаш ќе се наоѓа на оддалеченост од 63 милиони километри.

Во 2021 година NASA планира да ја лансира автоматската станица „Lucy“ за проучување на седум астероиди во Сончевиот систем. Во 2025 година таа треба да се доближи до малиот астероид Даналдџохансон во астероидниот појас меѓу Марс и Јупитер, кој беше откриен во март 1981 година. Потоа во 2027/2028 година „Lucy“ ќе кружи околу различните според формата астероиди Еврибат, Полимела, Левке и Ор. Покрај тоа, во 2033 година ќе го проучува бинарниот астероид Патрокле-Менетиј.

Досега NASA успеа да открие над 90 отсто од големите астероиди со над еден километар во пречникот, кои претставвуаат потенцијална закана за Земјата, Околу илјада вакви вселенски објекти кружат на околу 195 милиони километри од Сонцето. Научниците, исто така, можеа да го уточнат бројот на астероидитите со средба големиа (од 100 метри до еден километар), кои се наоѓаатна орбитите во близина на Земјата, и нив ги има околу 20 илјади.