
Во Порта Македонија, утре (19.3.2019) со почеток во 12.30 часот, ќе биде промовирано делото со афоризми „Обесена за врат” од Ленче Стоименова, поет, прозаист, сатиричар и карикатурист од Кочани.
Ленче Стоименова и е позната на пошироката читателска публика како автор на романите: „Ледена кока кола“ и „Покажи ми ја среќата“, збирката поезија за деца „На Велигден“, приказните за деца „Зборови се редат, приказни се предат“, збирка поезија за возрасни „Врзани до последен здив“, како и збирките афоризми „Жегла“ и „Буба лази“. Стоименова е исто така позната и како карикатурист и илустратор на книги.
Промотор на настанот ќе биде сатиричарот и член на Друштвото на писатели на Србија, Миле Ѓорѓијоски.