Јакимовски пред судот: Ќе победиме, не ви се плашиме!

Поранешниот градончалник на Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, со кренати два прста во знак на победа излезе од старата зграда на Основниот суд Скопје 1 за да биде префрлен во новиот објект на Кривичниот суд.

Додека полицајците го пренсеуваа од едната во другата зграда каде што ја чека одлуката на Судот дали е му биде одреден притвор, Јакимовски им рече на насобраните новинари:

Ќе победиме, не ви се плашиме, рече Јакимовски.

Поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски утрово беше пpивeдeн и изведен пред cyдија од претходна постапка, а cyдот треба да одлучи за coмнеж дека сторил кpивично дело злoyпотреба на службена положба и овластување.