Ивон Величковски: Одлуката за повлекување на книгата на Андов е погрешна- и политички и легалистички

Основниот суд Скопје-2 донесе одлука за времена мерка, забрана за продажба на книгата на Стојан Андов „До атентатот и по него“, по тужбата на Љубомир Фрчкоски за повреда на неговите лични права, односно за клевета во врска со атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров.

Судот донел решение дека во книгата се имплицира вмешаност на поранешниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски во атентатот на Киро Глигоров, поради повреда на личните права на тужителот.

Авторот на книгата, кој е и поранешен претседател на Собранието Стојан Андов, во изјава за медиумите вели дека ова преставува преседан и е првпат суд да налага забрана за продажба на книга.

Андов истакна дека не очекувал ваква одлука, и оти ќе поднесе жалба доколку има материјални последици по ова решение.

Ивон Величковски од Либералната партија, со свој став за оваа тема:

-Без да навлегувам во конечната пресуда по тужбата: Легалистички? До завршување на судскиот спор – погрешно. Политички? Сосем погрешно. Сега ви е јасно зошто не ги поддржувам политиките на оваа влада. Можеби ќе им стане јасно и на оние што се надеваат дека “наведната глава сабјата не ја сече”, оценува тој.