Потврдена смртта на двајца рудари во рудник крај Сребреница

Двајца рудари смртно настрадале во рудникот за боксит кај босанскохерцеговскиот град Сребреница во петокот кога на нави се струполите талози земја, потврдено е во вечерните часови по повеќечасовните напори на спасувачките екипи кои се часови се обидувале да дојдат до затрупаните.

Портпаролот на локалната полиција Миљан Боаб потврдил за локалните медиумите дека загинале рударите 44-годишниот Славиша Жугул од Милиќи и 30-годишниот Бранислав Остојиќ од Зворник. Врз нив во претпладневните часови во рудникот Милиќи се струполило големо количество земја на приодите од рударската јама.

Спасувачките тимови дури по 19,30 часот успеале да дојдат до нивните тела, откако се пробиле низ талозите од урнатата земја. Според процените, станува збор за повеќе од 50 кубни метри земја

Од управата на рудникот, исто така, ја потврдиле смртта на двајцата рудари, а во писмената изјава истакнуваат дека загинатите работници биле искусни и оспособени за работата којашто ја извршувале.