
Во најинтересниот саботен натпревар од европските квалификации Шпанија на домашен теран ја совлада Норвешка, а очекувани победи остварија и Италија, Грција и Босна и Херцеговина.
Шпанските фудбалери беа доминантни, но потешко отколку што се претпоставуваше ја победија Норвешка со 2:1. „Фуријата“ поведе уште во 16 минута преку Родриго, но во 65 минута од пенал израмни Кинг, а шест минути подоцна исто така од белата точка да погоди Серхио Рамос.
Италија ги започна квалификациите со домашната победа над Фиснак со 2:0, Босна и Херцеговина со бледа игра сепак во Зеница со 2:1 ја совлада Ерменија, а Грција на гости со 2:0 беше подобра од Лохтенштајн.
ГРУПА Д
Грузија – Швајцарија 0:2
Губралтар – Ирска 0:1
ГРУПА Ф
Шведска – Романија 2:1
Малта – Фарски Острови 2:1
Шпанија – Норвешка 2:1
ГРУПА Ј
БиХ – Ерменија 2:1
Италија – Финска 2:0
Лихтенштајн – Грција 0:2.