
Петнаесетгодишник е најмладиот милионер во земјава за 2017 година, и остварил доход од повеќе од 16.339 евра, а исто толку остварил и најстариот милионер кој има 98 години, во категорија заработка до милион денари.
Ова го соопшти во вторникот директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, на прес конференција на која ги презентира податоците за остварени највисоки приходи во 2017 година.
Најмладиот милионер приходот го остварил од интернет услуги.
Дваесетгодишник, пак, е најмлад милионер кој остварил приход од над 162.600 евра колку што остварил приход и најстариот во категоријата заработка до 10 милиони денари, кој има 86 години.