
Британската премиерка Тереза Меј можа да го објави датумот на својата оставка во среда, на 27-ми март, пишува во вторникот агенцијата Reuters, повикувајќи се на британски парламентарец кој информацијата ја дал под услов на анонимност.
Според соговорникот на агенцијата, премиерката ќе се обрати во 17 часот, 18 часот по македонско време, во среда на заседанието на таканаречениот Комитет 1922, кој ги собира обичните членови на Конзервативната партија. И, според изворот, „несомено постои веројатност“ дека Меј ќе го одреди датумот на нејзиното заминување од позицијата челник на Ториевците и од премиерската должност.
Постапката за закажување седница на којашто се гласа недоверба на британскиот премиер се одвива според процедурата која предвидува пратеници да му упатат писмо на претседателот на ткн Комитетот 1922 во кое се бара такво изјаснување, под услов 15 отсто од претствниците во Долниот дом да упатат такво писмо.