Солскјер доби тригодишен договор со Манчестер Јунајтед

Поранешниот играч а сегашен менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, во четвртокот доби траен тригодишен договор со англискиот фудбалски гигант.

Како и што се очекуваше, 46-годишниот Норвежанец ја доби довербата на челниците на „Црвените ѓаволи“ бидејќи забележа 14 победи во 19 дуели, откако го презема клубот како привремен тренер по отказот на Жозе Мурињо во декември.

Под водството на Солскјер, Јунајтед доби 10 од 13 натпревари во англиската Премиер лига, а во осминафиналето од Лигата на шампионите сензационално го исфрли ПСЖ откако во првиот дуел на својот „Олд Трафорд“ загуби со 0:2.

Во соопштението на Манчестер Јунајтед не се споменува колкава отштета му платиле на норвешки Молде, клубот со кој Солскјер има тренерски договор до 2021 година.