
На 29.03.2019 околу 07 часот било пријавено дека К.Ј.(50) од село Сирково, општина Росоман, движејки се со трактор на стариот пат од село Сирково кон Росоман, се превртел и од здобиените повреди починал на местото на настанот, информираат од МВР.
Извршен бил увид на местото настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.