
Фудбалерите на Борусија Дортмунд повторно се издвоија на чело на Бундеслигата, имаат два бода повеќе од вториот Баерн Минхен, кој на гостувањето во 27-то коло од германското првенство на гостувањето одигра кај Фрајбург 1:1.
Во претходните три кола играчите на Баерн постигнаа дури 17 погодоци, но во саботата мораа да се задоволат со реми. Домашните поведоа со голот на Лукасе Хелер во 3 минута, а израмнувањето за гостите го донесе Роберт Левандовски со прекрасен гол постигнат со волеј удар од свртување.
Киксот на Баерн го искористи Борусија Дортмунд која на својот „Вестфален“ стадион во самата завршница го победо Волфсбург со 2:0, а повторно херој за домашните беше Шпанецит Пако Алкасер кој ги постигна двата гола. Првиот во 90 минута и вториот во четвртата судиското продолжување.
Борусија Д сега има 63 бода, а Барн 61 бод и се далеку пред третопласираниот Лајпциг кој има 49 бодови со меч помалку. Фрајбург, пак, е 12-ти со 32 бода, а Волфсбург е на осмото место со 42 бодови.
Претпоследниот Нирнберг не мисли да се предаде, и дома го совлада Аугсбург со 3:0, па сега четири бода го делат од местото кое води во разигрувањето за опстанокот. Стрелци за домашните беа Микаел Ишак во 52, Матеус Переира во 88 8 Едуард Левен во 90 минута. Аугсбург моментално е 14-ти со 25 бодови, пет повеќе од Штутгарт кој е на местото до кое цели Нирнберг.
Вердер со 3:1 беше подобар од Мајнц. За домашните стелци беа Милот Рашица во 3 а двоен стрелец во 36 и 63 минута беше Макс Крузе, додека за гостите во 52 минута погоди Робин Кваисон. Вердер е шести на табелата во групата екипи со по 42 бода, а Мајнц е 13-ти со 30 бодови.
Фортуна Диселдорф во првите петнаесетина минути го реши прашањето на победникот во домашното соочување со Борусија Менхенгладбах. Стрелци за домашните беа Роувен Хенингс во 6 и 16, Кевин Стегер во 12 минута, а за гостите почесниот погодокот го постигна Денис Закариа во 83 минута. Фортуна е 11-та со 34 бодови, а Борусја Менхенгладбах остана на четвртото место со 47 бодови, но со меч и бод помалку ја следи франкфуртски Ајнтрахт.
Претходно во петокот вечерта Хофенхајм со 4:1 го совлад Баер Леверкузен. Во сабота уште играат Лајпциг – Херта, а во недела Хановер – Шалке и Ајнтрахт Франкфурт – Штутгарт.