
Пожарот во Цареви колиби кај ладимирово каде гори папрат и деградирана дабова и борова шума сеуште е активен.
Во гаснење на пожарот биле ангажирани вработени од Шумското стопанство и месно население за да се спречи ширење на пожарот кон викенд куќички. Поради временските услови екипите биле повлечени од терен а останале само дежурна екипа за следење на пожарот“, соопштуваат од Центарот за управување со кризи.
40 пожарникари и припадници на шумската полиција од утринава гаснат голем пожар кај месностите Готен и Цареви Колиби, пренесува ТВ Стар.
Очевидци за телевизијата тврдат дека глетката е катастрофална по природата, бидејќи горат столетни дрвја, а животните панично бегаат.
Дали и кога пожарот ќе биде ставен под контрола и изгаснат во овој момент нема информации.