(ВИДЕО) Боксер дисквалификуван откако го гризна противникот

Боксерскиот меч во тешка категорија меѓу Британците Дејвид Прајс и Кејш Али во Ливерпул заврши на бизарен начин откако Али е дисквалификуван поради гризење на ривалот.

Триесет и петгодишниот Прајс во петтата рунда му зададе силен удар на својот поранешен спаринг-партнер 27-годишниот Али, по што двајцата боскери влегоа во клинч, а потоа и завршија на подот од рингот. Али падна врз Прајс и додака двајцата лежеа на подот беше видливо дека го гризнува Прајс над стопакот.

Али потоа официјално беше дисквалификуван, а му се заканува суспендирање. Оваа бизарна победа го доведе Прајс до 24-та победа во рингот. Тоа воедни е и првиот пораз на Али во 16-те професионални бордби.

Прајс по мечот откри дека Али веднаш барал реванш, но тој одбил. „Не сака да го делам рингот со такво животно“, рече за медиумите.