Коалиција на Египќани со поддршка за професорката Гордана Силјановска-Давкова

НГИ „Коалиција на Египќани“, на овие Претседателски избори одлучи да го поддржи Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, почитуваната проф.д-р Гордана Силјаноска-Давкова.

Оваа поддршка се должи поради тоа што НГИ „Коалиција на Египќани“, се долгогодишни партнери со ВМРО-ДПМНЕ, имаат потпишано Меморандум за Соработка од една страна, како и принципите на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Проф Д-р Гордана Силјановска-Давкова, а пред сѐ запазување на начелото на правична и соодветна застапеност, владеењето на правдата и правото.

Неоспорен факт е дека Египќаните се најдискриминираната и институционално најнеинтегрирана етничка заедница. Со професорката Силјановска, долго време имаме соработка, има разбирање за нашите проблеми, но и желба да ѝ помогне на заедницата на Египќаните да биде најмалку рамноправна и еднаква, бидејќи сме лојални граѓани на Република Северна Македонија. Доволно е да истакнеме дека нема ниту еден деклариран и вработен Египќанец, согласно Охридскиот Рамковен Договор. Тоа доволно говори за нашата позиција во општеството – истакна лидерот на НГИ „Коалиција на Египќани“, дипл.правник Демир Далип, кој додаде дека очекува подобрување на статусот на сите Египќани после победата на проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова.