Со антицелулитната мезотерапија до мазна кожа

SKIN SOLUTION ПРОМОЦИИ ЗА МЕСЕЦ АПРИЛ 2019

Мезотерапија е техника при која се користи мала игла (со димензии 0,4 – 0,6 см) со чија помош се внесуваат медикаменти, витамини, минерали во длабокиот слој на кожата, на места каде што постои одреден проблем (масни перничиња, целулит). Мезотераписката процедура се изведува еднаш неделно.

Каде може да се примени мезотерапијата?

Најголемата примена на мезотерапијата е за редукција на целулитот и масните наслаги, како и за освежување на лицето и на вратот.

Кога се решава проблемот на целулитот, се аплицираат разни липолитици, препарати кои ја забрзуваат циркулацијата, и средства за затегнување на кожата. Резултатите се бргу видливи по првата или втората процедура. За максимален ефект препорачливо е да се комбинира со ултразвучна и радиофреквентна терапија.

За отстранување на локални масни наслаги процедурата е слична само што се вбризгува поголема количина на липолитици.

Уникатен мезотераписки коктел на база на деоксихолична киселина, кофеин и колагеназа. Трите компоненти на коктелот имаат силен липолитичен ефект и овозможуваат измазнување на “портокаловата кожа”. Ефикасен и против најтешките форми на целулит.

Липолиза е посебна метода во склоп на мезотерапијата со која се отстрануваат поголеми количини на масни наслаги. Тоа е еден вид нехируршка липосукција која во комбинација со ултразвук (кавитација) и радиофреквенција дава извонредни резултати. Разложените масти во следните три недели комплетно се елиминираат од организмот.

Мезолифт е примена на хијалуронска киселина, витамини, антиоксиданти, колаген и сл. Со цел за подмладување на кожата на лицето, вратот и деколтето. Се изведува еднаш неделно, а кожата станува затегната, мазна, сјајна и добива младешки изглед.

Кога се видливи првите резултати?

Мезотерапијата спаѓа во т.н. третмани со „инстант“ ефект, односно резултатите се видливи по неколку дена. Во зависност од намената, може да се направат еден или повеќе третмани во интервал од месец дена.

Дали се работи за болна метода?

При третманот се користат мали игли со што самата постапка е скоро безболна. Чувството наликува на лесен убод од инсект. Единствен несакан ефект по третманот е црвенило и модринки кои за неколку дена се повлекуваат.

Колку третмани се доволни за постигнување на добри резултати?

 

За постигнување на задоволителни резултати од мезотерапијата потребни се 6 до 10 третмани.

Изборот на препарати, индикациите, контраиндикациите, како и комбинирањето на мезотерапијата со хемиски пилинг, филери и ботокс ги одредува доктор специјалист. Мезотерапијата е сериозна медицинска метода која овозможува без големи хируршки зафати да се решат естетските проблеми на кожата на лицето и на телото.