Без промена на статутот, сменети печатите на општина Охрид со новото име на државава

В.д градоначалникот Константин Георгиески без да изврши промена на членот 10 од статутот на општина Охрид, извршил промена на печатите на општина Охрид и наместо Република Македонија, стои Република Северна Македонија.

Ова го обелодени координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков кој истакна дека Георгиески непочитувајќи ги ни статутот, ниту пак институцијата совет која е надлежна за промена на статутот, извршил промена на печатите.

Потврда на скандалот даде и секретарот на општина Охрид, Игор Бежоски кој рече дека е точно тоа дека општината без промена на статутот ги променила печатите, но наместо да ја преземе одговорноста, тој вината ја префрли врз службеничката кој ги ставила печатите на официјалните документи.