
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во скопската општина Ѓорче Петров го оспори начинот на кој, како што вели, деспотски Зоран Заев го избра кандидатот на СДСМ за претседател.
Мицкоски посочува дека нема да победи изборот на Заев, туку народот ќе одлучи, а овие 6 дена народот веќе покажа дела следниот претседател на Македонија ќе биде професорката Гордана Силјановска Давкова.
-Избраа кандидат за претседател во мафијашки стил во еден скап луксузен скопски хотел. Деспотот си го избра, а потоа ја собра коалицијата на тркалезна маса и одлучија Стево ќе биде. Е нема да биде Стево, Гордана ќе биде. Затоа што народот е тој кој што кажува кој ќе биде, а народот на 21 април па на 5 мај веќе гласно кажа овие 6 дена и тоа ќе го потврди тогаш, Гордана ќе биде. Гордана Силјановска Давкова.