Дижон го шокираше Лион, реми на Монако

Фудбалерите на Дижон приредија големо изненадување во дуелот од 31-то коло од француското фудбалско првенство победувајќи го на гостувањето третопласираниот Олимпик Дижон со 3:1.

Дижон со оваа победа ги продолжи надежите во сочувувањето на на прволигашкиот статус и сега има 24 бодови и е на 18-то место, а Лион е сѐ подалеку од освојувањето на второт место, сега е трет со 56 бодови, четири зад второпласираниот Лил кој има и меч помалки. На врвот неприкосновен е Пари Сен Жермен со 80 бодови од 29 натпревари.

Дуелот во Лион беше необичен во кој три гола беа постигнати во првите седум минути. Домашните поведоа веќе во првата минута со голот на Мартен Терие, но минута подоцна гостите израмнија преку Весли Сејд, Истиот играч во седмата минута го доведе Дижон во водство, а победата на гостите ја потврди Рафаел со автоголот во 65 минута.

Во дербито на дното Гинган и Монако одиграа 1:1, а екипата до Кнежевството спаси бод со гол во четвртата минута од судиското продолжение. Домашните поведоа со голот на Феликс Ебоа по нафрлување од корнер. Кога се чинеше дека последнопласираниот Гинган, сега има 23 бода, ќе ги освои трите бода и ќе дојде до 18-то место на табелата, за гостите погоди Стеван Јоветиќ. Монако повторно влезе во лоша серија и во последниет пет кола победи само еднаш па сега е на 16-то место со 31 бод, и доколку продолжи со оваа низа повторно ќе си го загрози прволигашкиот статус.

Во најефикасниот меч во саботата Анжер и и Рен одиграа 3:3, а домашните извлекоа бод во судиското продолжение. За Анжер стрелци беа Џеф Реин Аделаиде во 47 и втората минута од судискоро продолжение и Стефан Баокен во 52 минута, а за гостите двоен стрелец беше Хатем Бен Арифа во 35 и 75 минута од пенак, и Мбаје Нианг во 59 минута. Анжер е12-ти со 38 бодови, а Рен е 10-ти со 42 бода.

Одличен меч одиграа и Амјен и Сен Етјен кои ремизираа 2:2. Гостите поведоа со голот на Томоти Кодејжак во 16 минута, Амјен кој од 32 минута играша без исклуќениот Жордан Лефор направи пресврт преку Муса Конате со головите во 23 и 62 минута, а Реми Кабеја израмни во петтата минута од судиското продолжување. Амјен е на 17-то место со 31 бод, седум повеќе од опасната зона. Сен Етјен, пак, е четврти со 50 бодови, шест помалку од Лион а два повече од Марсеј.

Нимс со головите на Бианга во 85 и автоголот на Гради во четвртата минута од судиското продолжение го совлада Каен. Нимс е 11-ти со 40 бодови, а Каен остана претпоследен со 23 бодови.

Во петокот Бордо со 2:0 го совлада Марсеј. Во недела играат Ремс – Лил, Тулуз – Нант, Ница – Монпелје и ПСЖ – Стразбур.