13.8 C
Skopje
вторник, март 4, 2025

Мицкоски во Бразда: За две години ниту плати покачија, ниту пензии зголемија

Бев во Бразда, Чучер Сандево. Граѓаните се незадоволни. Со оваа влада нема ниту е, од економија, ниту р, од реформи, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Зголемија даноци, зголемија акцизи на горива и поскапеа бензини. На пензионерите им укинаа зголемување на пензии, и нема нови покачувања. За две години ниту плати покачија ниту пензии зголемија. А Странските инвестиции чиста нула. Нема фабрика која ја отворија, нема камен темелник кој го удрија. Кажуваат некои бројки на странски фабрики кои се отворија, а не ги кажува имињата, напиша Мицкоски на Фејсбук и додаде:

„Еве го повикувам Заев нека каже кои фабрики ги отворија, по име точно да каже? Нема такви. Една голема нула имаме во економијата. А земјоделието е посебна приказна. На земјоделието му се случи вистински погром, Заевизам му се случи. Трудот не им се исплаќа на земјоделците. Субвенциите доцнат, зелена нафта нема. Е вака нема во Европа“.