
Од младите зависи иднината на Република Македонија. А јас како професор, но и Претседател ќе сторам сè да помогнам да се стекнат со дополнителни знаења и вештини со цел да бидат подготвени за предизвиците што претстојат во иднина, ова денеска преку Фејсбук статус го потенцира кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.
Јас ветувам дека ќе работам со тим на компетентни лица кои ќе поттикнат реформи за да изградиме капацитет за членство во Унијата. Последниве две години видовме дека тоа е неопходно затоа што владата не ги спроведе планираните реформи. Поради тоа не очекувам датум за почеток на преговори во јуни. Промената на името не е замена за реформи, за добро владеење, за борба со корупцијата и непотизмот, за владеење на право и правна држава. На младите им должиме европска иднина која власта нема капацитет да им ја овозможи!, истакнува Силјановска.