
Додека портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов држеше прес-конференција пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ денеска во позадина се слушаше песна со јасна порака до него и неговата партија.
Имено Костадинов даваше изјава за медиумите во позадина можеше да се слушне песната „Слушам кај шумат шумите“.
Инаку ова не е прв пат тој додека дава изјава пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, со музика да биде потсетуван за продажбата на името, Уставот и националниот идентитет на Република Македонија.