
Вечерва во скопската населба Ново Лисиче маж бил прегазен од автомобил.
Несреќата се случила на булеварот „Видое Смилевски Бато“.
Во моментов полицијата врши увид и се чекаат дополнителни информации.
Според првичните информации се работи за постар маж кој починал на самото место.