
Mесната заедница Галичник на својата Фејсбук страница информира за чистењето на патиштата по наврнатиот снег во Маврово и проблемите кои настануваат, при што вчера соопштија за кражба на 200 литри гориво од булдужерот.
Денес е пробиен Царевец. Атрактивно за фотографирање А сношти, ноќеска, беа украдени 200 литри дизел и беше оштетен системот за довод на гориво на булдожерот.
Случајот е пријавен во Полициската станица Маврово и направени се увид и записник за настанатата штета.