
Средовечна жителка на Стримица во средата напладне била приведена на скопскиот меѓународен аеродром, поради агресивно однесување и омаловажување на полициски службеник, соопшти во четвртокот Министерството за вантрешни работи
„Вчера околу 12.00 часот на Граничен премин „Аеродром Скопје“, при пасошка контрола,48- годишната М.Ј од Струмица го омаловажувала полицискиот службеник и агресивно се однесувала“, се наведува во соопштението на МВР без да се дадат дополнтиелни поединости за инцидентот.
Според пријавеното, М.Ј. е приведена, а по целосно расчитување на случајот, против неа ќе биде поднесена оодветна пријава.