
„Нема да замолчам пред кршење на меѓународно право и уставното право. Јас ќе ги почитувам двата договори, рече Гордана Силјановска Давкова кандидат за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ која учествува на втората телевизиска дебата, а говорејќи во контекст на кажувањата на противкандидатот Пендаровски дека таа немала да ги почитува договорите кои ја воделе Македонија напред“, Силјановска посочи дека нејзиниот став е јасен за ЕУ и дека таа самата одамна е дел од ЕУ.
„Македонија од секогаш била дел од Европа, јас одамна сум во ЕУ членувајќи во институциите како претставник на фелата на која припаѓам. Никогаш нема да се однесувам поданички, зошто мала, средна или голема држава секоја има свое место. Клучот се Копенхагеншките критериуми, владеење на правото, квалификувана администрација, жестока борба со корупцијата и криминалот, зошто тие го загрозуваат суверенитетот на државата, рече Силјановска.
Давкова во претседателската дебата на Македонската Радио Телевизија истакна дека владеењето на правото веќе одамна го нема во Македонија. Таа посочи дека рамнотежата на власта е опасно пореметена во корист на премиерот, Собранието е безгласна буква, а судството во државата одамна не е независно.
„Владеењето на правото не е само моја професионална вокација, туку е и моја животна филозофија. Владеењето на правото одамна го нема во Република Македонија. Без поделба на власта нема владеење на правото, нашето Собрание е безгласна буква, гласачка машина. Рамнотежата на власта е опасно пореметена во корист на владата, да не кажам во корист на премиерот. Јас тоа го нарекувам премиерски систем, а заедно со лидерот на другата партија го нарекувам конзулски систем. Судството одамна не е независно, поточно измените на Кривичниот законик врз донесувањето на законот за амнестија јасно говорат дека немаме независно судство“, рече Силјановска.
Во втората претседателска дебата на МРТ1, Пендаровски ја обвини кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ Силјановска Давкова дека во минатите години правото не владеело во Република Макеоднија и институциите не функционирале.
На ова обвинување, Силјановска му рече дека нема спас од евоцирање спомени и дека треба да се соочиме со сегашната ситуација за да се решат проблемите.
-„Јас ниту сум имала некаква улога, ниту сум била дел од тие структури, за разлика од мојот противкандидат Пендаровски којшто бил советник за безбедност и надворешна политика, речиси во сите процеси од 1990тата година па до денеска во сите структури. Би требало советникот да ги советува оние за кои бил платен да влијаат врз концептот на владеењето на правото, но во градењето на кариерата тој се разбира станал дел од тој систем. Ако сте креирале еден модел на систем тогаш вие не можете да го измените него, креаторот не може да биде реформатор“, му одговори Силјановска на Пендаровски.
Силјановска Давкова на претседателската дебата на МРТ 1, жестоко го критикуваше својот против кандидат од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски поради неговите променливи ставови, пред се во однос на името на Македонија.
Таа ја потсети македонската јавност дека Пендаровски ветуваше задолжителен референдум како и политички консензус за едно од најважните државни и национални прашања, спорот за името.
Силјановска го потсети Пендаровски и на неговата изјава „кој ве овласти да разговарате за географска одредница“.
-Јас имам сериозен проблем со претседател кој менува ставови. На минатите избори во 2016-та година, јасно ги изложивте тезите за потребата од задолжителен референдум, за консензус државен за имет