-3.2 C
Skopje
вторник, март 4, 2025

Силјановска до Пендаровски: Тврдите дека сте непартиски човек, а бевте носител на листа на СДСМ

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова со незгодно прашање на самиот крај на претседателската дебата на МРТ до кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски. Имено таа го оспори тврдењето на Пендаровски дека е непартиски човек, поради фактот што лично тој беше носител на пратеничката листа на СДСМ во изборната единица 1 за време на предвремените парламентарни избори.

Ги учам студентите дека најпрестижна школа на демократијата е Собранието. Нема поголема чест некој да биде избран за пратеник. Вие бевте избрани и бевте носител на листата во изборната единица каде што живеам и јас, а честопати тврдите дека сте непартиски човек. За да бидете носител на листа, сигурно треба да делите партиски интереси. И кога јас очекувам да им ја вратите, да им ја докажете довербата на граѓаните затоа што ве одбрале во парламентот вие пред изгласувањето на преспанскиот договор, пред законот за употреба на јазиците си заминувате од оваа функција, посочи Силјановска.

Професорката зочи дека за разлика од него партијата која ја поддржи нејзината кандидатура, ВМРО-ДПМНЕ не побарала од неа да ја прифати партиската програма, додека во конкурсот на СДСМ токму тоа било задолжително.

Силјановска одговори на обвинувањата на Пендаровски дека креаторот на системот на сите владеачки структури од 1990та не може да биде реформатор, и исткана дека тој учествувал во сите влади.

Во втората претседателска дебата на МРТ1, кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски ја обвини кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ Силјановска Давкова дека во минатите години правото не владеело во Република Макеоднија и институциите не функционирале. На ова обвинување, Силјановска му рече дека нема спас од евоцирање спомени и дека треба да се соочиме со сегашната ситуација за да се решат проблемите.

Јас ниту сум имала некаква улога, ниту сум била дел од тие структури, за разлика од мојот противкандидат Пендаровски којшто бил советник за безбедност и надворешна политика, речиси во сите процеси од 1990тата година па до денеска во сите структури. Би требало советникот да ги советува оние за кои бил платен да влијаат врз концептот на владеењето на правото, но во градењето на кариерата тој се разбира станал дел од тој систем. Ако сте креирале еден модел на систем тогаш вие не можете да го измените него, креаторот не може да биде реформатор, му одговори Силјановска на Пендаровски.