ОВЕН
Работа: Ве очекува одличен ден кога е во прашање работата. Може да се надевате дека сите околности ќе ви одат во прилог.
Љубов: Емотивна хармонија настапи во вашиот брак и конечно сте задоволни. Пред вас е добар ден.
Здравје: Водете сметка околу внесот на шеќери.
БИК
Работа: Не ви е поволен ден па лесно може да дојде до некои штети на работа или до некои грешки кои сами ќе ги направите.
Љубов: Имате проблем со самодовербата и тоа ве кочи на љубовното поле да остварите подобри желби.
Здравје: Потребно ви е повеќе сон.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Немојте да се занимавате со било какви „сплетки“ и трачеви, туку фокусирајте се на она што е важно на работа.
Љубов: Тајна врска би можела да ви се случи наскоро, иако можеби вие свесно не сте подготвени.
Здравје: Проблеми со вените.
РАК
Работа: Задоволни сте со ситуацијата и не планирате промени на ова поле. Очекувајте работите да ви течат мирно.
Љубов: Ви се допаѓа особа која сте ја запознале преку пријател.
Здравје: Мали проблеми со нервозата.
ЛАВ
Работа: Очекувајте мали препреки на ова поле, но со доволно упорност се може да надминете.
Љубов: Можно е да владее дистанца помеѓу вас и личноста која ви значи.
Здравје: Проблеми со кичмата и грбот.
ДЕВИЦА
Работа: Околностите во кои се наоѓате се поволни и стабилни. Работата нималку не ве загрижува.
Љубов: Подготвени сте за некоја авантура или необврзувачка врска, потребно ви е освежување од секојдневнието кое ве изморило.
Здравје: Сосема добро.
ВАГА
Работа: Можно е да сте загрижени на полето пари и да не се чувствувате добро кога материјално не сте сосема стабилни.
Љубов: Запознавате личност која ви покажува дека е заинтересирана за вас. Надевајте се на среќа.
Здравје: Проблеми со урогениталниот тракт.
ШКОРПИЈА
Работа: Ќе имате мали проблеми кога е во прашање ова поле, можеби денеска нема да ви биде лесно се да решите.
Љубов: Партнерот се однесува поинаку кон вас, и ви се чини дека од негова страна нема повеќе емоција.
Здравје: Сува кожа.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Реагирате според вашата интуиција и ги решавате проблеми благодарение на вашата снаодливост. Поволен ден е пред вас.
Љубов: Очекувајте добра комуникација со личноста која ја сакате. Ќе уживате покрај неа.
Здравје: Немате проблеми.
ЈАРЕЦ
Работа: Денеска сте посветени на приватните проблеми и на работното поле немате доволно концетрација за некои работи.
Љубов: Ви се допаѓа личност која нема така лесно да ја освоите. Потребно ви е трпение.
Здравје: Избегнувајте алкохол.
ВОДОЛИЈА
Работа: Генерално добра ви е ситуацијата. Стабилност владее и се е како што треба.
Љубов: Љубовната ситуација не е онака како што сте сакале. Со партнерот полека се оди надолу.
Здравје: Водете сметка за дебелото црево.
РИБИ
Работа: Пред вас е ден во кој ќе дојдете до нови информации кои ќе ви бидат многу важни.
Љубов: Ве очекува врска која може да биде променлива, нестабилна, но во исто време и интересна и возбудлива.
Здравје: Проблеми со алергии.