
Белгиската полиција во предградие на главниот град Брисел уапсила 22-годишен маж осомничен за поврзаност со тероризам и подготовка на напад, пренесува интернет изданието Derniere Heure.
Според информацијата, приведениот кој живеел во гратчето Вавр, источно од белгиската престолнина, бил осомничен за подготовка на терористички напад кој требало да биде изведен во саботата или неделата.
Во федералното обвинителство не соопштуваат поединости од истрагата, соопштувајќи само дека таа се води во насока на тероризмот, но не ги коментираат информациите за подготовка на нападот.
Осомничениот наскоро ќе биде изведен пред истражен судија, кој ќе ги определи натамошните чекори. Во текот на претресот на домот на осомнитечниот, биле одеземени неговиот лаптоп и телефон.
Во предградието Вавр, инаку, се наоѓа голем парк со разни забавни атракции и содржини.