Во паркот во Ѓорче Петров ќе никне станбена зграда, Градоначалникот молчи

Во паркот кој преставува единствено зеленило во урбаниот дел на Ѓорче Петров ќе никне станбена зграда. Според изјавите на советниците од ВМРО ДПМНЕ ова го предвидуваат измените на деталниот урбанистички план кои вчера поминаа на седница на советот. Освен тоа симптоматично е што на истата парцела каде ќе се гради зграда, свое земјиште поседува и градоначалникот на општината, Александар Наумовски, тврди советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска . Утринава побаравме одговор од општинските власти дали оваа информација е точна, но до објавувањето на веста одговор не добивме.

Почитувани граѓани на Ѓорче Петров,  Како советник во општина Ѓ.П од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, должна сум да ве информирам дека на денешната седница на советот, градоначалникот Наумовски и советниците од СДС донесоа одлука , во сред парк во Ѓорче Петров, да направат огромна зграда!  Замислете во единствениот парк кој го имаме , тие ќе градат зграда!

До вчера не убедуваа дека ќе изграделе други паркови како и тоа дека ќе се залагаат за нови зелени површини! ( видео во коментар)

Ниту нови паркови има , а и она малку зеленило што го имаме, ќе се одземе од граѓаните, во интетес на личните интетеси на поединци од СДС!. Ова на фејсбук го напиша Марија Андоновска, советник во општината Ѓорче Петров.

Градоначалникот на директно прашање, дали има личен имот на местото во паркот каде се предвидува новата зграда, одговори потврдно!
Иако призна, граѓаните нема да му простат!
Паркот не го даваме!

Во коментар таа ги повика невладините организации кои ги гушкаа дрвјата низ Скопје изминатиот период да им се придружат и заеднички да го заштитат паркот во општината.