Силјановска Давкова: На татковината ѝ личи да има мајка

Ќе се обидеме да ги задржиме младите, а оние кои си заминаа да ги вратиме, рече на почетокот од својот говор кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова.

„Вината не е во нас, вината е во нив, ние ќе се обидеме да ги задржиме овде младите, а оние кои си заминале и си заминуваат да ги задржиме, како, докажуваќи им дека има надеж за нив и за нас овде“, рече Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова истакна дека се во животот можете да смените „апсолутно сѐ, ама татковината никогаш“, Рече, исто така, дека татковината е една и дека каде и да одите мислите на неа.

„Каде и да одите ја носите во срцето, се радувате и страдате со неа. Се сеќавате на Горан Стефановски? Во Англија живееше, ама велеше дека мислите секогаш му биле дома,“ потенцираше Силјановска Давкова.

„Една е домата, една е татковината, а татковина велам јас – без мајка нема“, рече Силјановска Давкова.