Силјановска Давкова: Не смееме да се срамиме од Македонците кои живеат во северна Грција

Во северна Грција живеат Македонци и ние не смееме да се срамиме од нив, порача во средата вечерта од Делчево, кандидатка за претседател на Република Македонија поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

Како што имало низ векови Македонци во Северна Грција, во Егејска Македонија има и денеска и месечината ги води секаде каде што се тие и во Пиринска и во Вардарска и во Егејска, значи како што вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кога го прашува премиерот на кој јазик говорат оние кои не се Грци во Северна Грција, а се Македонци, тој се срами или се плаши да го каже тоа, иако сите знаеме дека го зборуваме истиот јазик, рече Силјановска Давкова.

Потенцираше дека не е националист, но дека не може а да не каже дека не се работи за дијаспора, како што е сега според Уставот.

Се работи за нивната татковина и кога е во прашање употребата на македонскиот јазик тогаш не е во прашање никакво мешање во внатрешните работи на Грција, затоа што постои рамковна конценција за заштита на правата на малцинствата и постои конценција за регионални и малцински јазици и таа важи за сите малцинства па и за македонското, рече од Делчево, Силјановска Давкова.

Претседателската кандидатка поддржана од опозицијата д Делчево го осуди денешниот настан во Арачиново со новарите на телевизијата ТВ21 и додаде дека повеќе такви работи во Македонија не смее да се случуваат.