Клиперс без шанси против Вориорс

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс ноќта кон петокот беа тешко поразен на свој терен со 105:132 од актуелниот шампион во НБА лигата, Голден Стејт Вориорс, кои сега во серијата до четири победи поведоа со 2-1.

Вориорс до победата ги водеше Кевин Дјурант со 38 коша, а Стеф Кари додаде 21 поен.

Во Западната конференција со 2-1 поведоа и Сан Антонио Спарс, откако во првиот натпревар пред своите навивачи ги совладаа Денвер Нагетс со 118:108, со дури 36 коша на плејмејкерот Дерик Вајт.

Предноста на домашниот терен ја врати и Филаделфија 76ер, која на гостувањето ги победи Бруклин Нетс со 131:115, со 31 кон на Бен Сајмонс и 29 поени на Тобијас Харис.