
Тројца советници од општина Шуто Оризари во саботата во периодот на изборниот молк шетале низ тамошниот пазарот и собирале податоци од продавачите колкав број на гласачи има во нивните семејства.
Овие тврдења ги навеле загрижени граѓани од споменатата скопска општина кои испратиле и фотографии до редакцијата на Курир.
Посочените лица, исто така, агитирале и да се гласа за еден од претседателските кандидати.