
По обработените информации пристигнати од 77,51 отсто од избирачките места, до 15 часот на шестите претседателски избори гласале 28,89 отсто од вкупниот број избиирачи, соопшти на редовната прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Деркоски.
Од 7 часот утрово до 15 часот, на денешните претседателски избори гласале вкупно 396.252 граѓани со право на глас, од вкупноот број регистритрани 1.808.131 избирачи. Бидејќи станува збор за податоци кои пристигнуваа од час во час, се претпоставува дека трендот за одѕивот по пресекот на пет часа пред затворањето на избирачките места, нема битно да се променi и ќе се задржи околу 28 отсто.
Претседателот на ДИК Оливер Дерковски ја соопшти излезноста во дел од општините: Аердром 35,45%, Арачиново 14,75, Берово 34,75, Битола 32,82, Боговиње 12,12%, Бутел 29,24, Валандово 32,5, Велес 32,11, Врапчиште 12,28%, Гевгелија 39,26, Ѓорче Петров 33 проценти, Делчево 37,69, Доленин 16,75, Илинден 29,18, Кисела Вода 34,99, Карпош 37,69, Кавадарци 39,01, Македонски Брод 42,22, Охрид 36,77, Ново Село 31,75, Прилеп 43,85, Радовиш 22,89…
Дерковски рече дека резултатите што пристигнуваат од останатите општини нема многу да го променат процентот на излезеност.
Оцени дека врз база на податоците нема посериозни нарушувања на изборниот процес. Во ДИК се пристигнати осум приговори за нарушување на гласачкото право, за што ДИК ќе расправа на седница по прес конференцијата.
Дерковски напомена дека тие не се од суштинска природа за кои може да се рече дека го нарушуваат изборниот процес. Оцени дека денот минува мирно и се надева дека ќе заврши без поголеми нарушувања.