
Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацоски на одложената прес-конференција без да инесе ниету еден конрекетен прелиминарен податок од аналитичкито центар на владејачката партија, кажа дека нивниот кандидат за претседател Стево Пендаровски, кој заедно со премеирот Зоран Заев на неодложено го одложија своето појавување пред јавноста,
„Ова не се локални избори и ВМРО ДПМНЕ бадијала се храбрат. Јасно дека губат во првиот и дека ќе загубат и во вториот круг. Нема да набројувам каде се води Пендаровски, затоа што ова не се локални избори.Стево Пендаровски ќе биде новиот претседател на нашата држава. Пендаровски води со повеќе од два и пол проценти на две третини од обработените податоци. Победата на Пендаровски е повеќе од јасна“ рече генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацоски.
Одзивот на гласачите од 40 проценти, според Кирацоски се должи на замореноста на граѓаните од избори, но додаде дека сепак излегле на гласање затоа што им е важно кој ќе биде претседател. Кирацоски кажа дека очекува и во вториот круг да се потврди излезноста и изборите да бидат успешни.