
Седумдесет и седумгодишниот велешанец Л.С. денеска е пронајден мртов во реката Вардар, во близина на село Кочилари.
Случајот во СВР Велес го пријавил жител на село Кочилари денеска околу 10:00 часот.
Како што информираат од СВР, на трупот нема траги на насилство, а по завршување на увидот е утврдено дека се работи за 77-годишниот Л.С.
По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.