Силјановска во водство според податоците на опозицијата

Кандидатот за претседател на државата поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова е во водство пред кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски и кандидатот на БЕСА и Алијанса на Албанците, Блерим Река, од досега пребројаните околу 60 отсто од гласовите.

Според ови податоци Силјановска Давкова добила 234.707 гласови, наспроти Пендаровски кој добил 228.495, а Река 48.481 глас. Неважечки се 21.084 гласачки ливчиња.

Од обработените изборни места Силјановска води во поголемиот дел општини- Битола, Велес, Кавадарци, Кичево, Кочани, Неготино, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Свети Николе, Штип, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода…

Според преброените гласови, Силјановска Давкова веќе победила во Пехчево, Јегуновце, Градско, Вевчани, Могила, Илинден, Лозово, Радовиш, Ѓорче Петров…