3.8 C
Skopje
понеделник, март 3, 2025

Скопјанец загина откако со мотоцикл се заби во камион кај Катланово

Скопјанец загина во сообраќајка кај Катланово, дознава 24 Инфо.

Според неофицијални информации, сообраќајната несреќа се случила околу 13 часот на автопатот во правец кон Петровец и сообраќајот е во прекин.

Во судирот настрадало момче на возраст од 28 години кое со мотор се удрило во камион и починало на самото место.

Повеќе детали за несреќата МВР ќе даде во текот на денот.