Спасовски упати телеграма со сочувство до семејството на трагично загинатиот полицаец Цветковски од Куманово

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска упати телеграма со сочувство до семејството на трагично загинатиот 37- годишен полициски службеник Виктор Цветковски од Куманово.

-Во овие тешки моменти заедно со Вас ја споделуваме болката за ненадоместливата загуба за еден млад живот. Министерството за внатрешни работи, колегите, загубија вреден и чесен другар, а Вие пак загубивте син, сопруг, татко, брат, пријател, напиша министерот Спасовски во телеграмата до семејството Цветковски.