Николоски нема да му плати на Вице Заев 500 евра за клевета

Основниот суд Скопје 2 делумно го прифати тужбеното барање на братот на премиерот Заев кој за нарушен углед и чест бараше 30.000 ден од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Во пресудата на судијата Кети Германова се вели дека од изнесените докази се утврдило дека наводите кои ги споменува Николоски во изјавата не се потврдени па тие не се основа да се верува во нив.

Тужителот Вице Заев, братот на премиерот Зоран Заев, денеска не дојде да ја  слушне пресудата во судскиот спор по тужбата против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Николовски.

Според пресудата, со изјавата на Николоски единствено имало повреда на нематеријално право.

Според Николоски пресудата укажала дека Вице Заев вршел притисок врз судот со цел да се прифати дел од тужбеното барање со цел да обели образот на братот на премиерот.

Делумно сум задоволен од пресудата на судот. Односот на судот беше коректен, не како односот на тужителот кој се појави само на едно рочиште. Денес дури ни неговиот адвокат не дојде што покажува колкава почит имаат кон судот и институциите. Очигледно е дека судијата бил под сериозен притисок и тоа што го прави е Вице Заев целосно да не го изгуби образот. Но, за тоа, кога ќе ја добијам написмено пресудата ќе се жалам на Апелација. Мојата цел е ова тужбено барање целосно да биде одбиено, а не делумнио. Задоволен сум во деот на одлуката за материјалната надокнада. За делот во изјавата за наместените тендери, јавно кажав дека се однесува на власта. Во однос на тоа дека Вице Заев е главен бизнис фактор во државата денес потврди судот, а вчера потврдија граѓаните на изборите, изјави Николовски.

Вице Заев го тужеше Николовски дека тој во изјава за една телевизија го искомпромитирал со тоа што рекол дека мести тендери. Исто така, Николовски му го нарушил угледот бидејќи изјавил дека Вице станал главен бизнис фактор во државата.