
Фудбалерите на Челзи одиграа пред своите навивачи 2:2 со Барнли во рамките во последниот меч од 33-то коло на англиското првенство и не успеаја да се пробијат на третото место на табелата.
Сите погодоци беа постигнати во првото полувреме, гостите во водство ги доведе Хендрик во 8 минута со прецизен удар од работ на шеснаесетникот, домашните многу брзо направија целосен пресврт преку Канте во 12 и Игуаин во 14, минута, но десет минути подоцна Барсн успеа да израмни на 2:2.
Челзи сега е четврти со 67 бодови, колку има и третопласираниот Тотенхем, додека Арсенал има бод помалку, но лондонските „Сини“ имаат меч повеќе и нивниот пласман во Лигата на шампионите следната сезона може да биде загрозен и од Манчестер Сити кој има 64 бодови на шестото место, и исто така натпревар помалку.
Барнли е 15-ти со 40 бодови, девет повеќе од 17-от Кардиф кој е на позиција која води во понизок ранг на натпреварување.
На вровот на Премиер лигата се Ливерпул со 88 бодови и Манчестер Сити со два бода помалку со еден меч помалку.