
7-ми мај останува работен ден, одлучи Владата на денешната седница, а по повод пристигнувањето на Папата Франциск во Скопје и заради безбедноста.
Безбедноста ќе биде на високо ниво и мора да се исполнат протоколите на Ватикан на сите нивоа на целосна контрола на движењето на луѓето каде ќе биде посетата.
Во вакви ситуации постоеше можност дури и здравствените установи да работат само за итни ситуации.
Посетата на папата Франциск во Скопје ќе трае 10 часа.