ОВЕН
Работа: Денешниот ден ви доаѓа како порачан. Намален број на обврски ви овозможува и да одморите.
Љубов: Можно е да сте почнале да се сомневате во својата врска и ви се чини дека партнерот нешто крие.
Здравје: Одлично.
БИК
Работа: Денот ви е поволен за решавање на караниците кои до сега сте ги имале со колегите или со надредените.
Љубов: Ако сте во потрага за нова врска, можно е дека денеска ќе запознаете нова личност.
Здравје: Водете сметка за здрава исхрана.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Доколку сега покажете максимална посветеност, следниот период ќе ви донесе напредок во кариерата каков што не сте очекувале.
Љубов: Многу ви пречи неспособноста на вашиот партнер да направи компромис.
Здравје: Мали проблеми со грлото.
РАК
Работа: Ќе ви се укаже прилика да остварите додатни приходи, но одложувате да ги прифатите затоа што ве загрижуваат многу обврски кои доаѓаат со тоа.
Љубов: Можно е во некој момент од денот да почувствувате силен налет на осаменост.
Здравје: Нема проблеми.
ЛАВ
Работа: Периодот на стагнација во кој сте биле до сега, конечно се завршува и веќе од денеска чувствувате полно ентузијазам да го дадете својот максимум.
Љубов: Саканата личност многу ве повредила и не можете да и простите.
Здравје: Проблеми со видот.
ДЕВИЦА
Работа: Денешниот ден ви носи полно предизвици и препреки до остварување на целта. Немојте да заборавите само дека со трпение можете се да решите.
Љубов: Во вашето блиско опкружување постои личност која ве сака.
Здравје: Ви треба одмор.
ВАГА
Работа: Денешниот ден ќе ви донесе комлицирана ситуација чиј исход ќе го одлучи некој ваш надреден или соработник.
Љубов: Ќе водите интересен разговор со личноста која ви се допаѓа.
Здравје: Ќе ви оди некој вид рекреација во природа.
ШКОРПИЈА
Работа: Доколку сте планирале напредок на ова поле, сега е вистинското време да се посветите на неговото остварување.
Љубов: Воодушевени сте од подготвеноста на саканата личност да се труди и да се посвети на успех на вашата врска.
Здравје: Добро се чувствувате и здравјето ви е солидно.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Денеска и мал пад на концетрација или немарност може да има долготрајни последици. Внимавајте добро на секоја постапка.
Љубов: Можно е да постои спротивставеност на ставовите помеѓу вас и партнерот по некое важно прашање.
Здравје: Кивавица.
ЈАРЕЦ
Работа: Полека сите коцки се склопуваат и сфаќате дека досегашните искуства ви послужиле на некој начин.
Љубов: Имате чувство дека саканата личност крие нешто од вас, но се плашите и самите себе да си го потврдите.
Здравје: Стрес.
ВОДОЛИЈА
Работа: Се ви е појасно дека условите на сегашното работно место се неповолни по вас и подготвени сте да побарате подобра перспектива.
Љубов: Денешниот ден ви носи некаква бурна расправија со брачниот партнер.
Здравје: Проблеми со стомакот.
РИБИ
Работа: Наклонети сте да избегнувате обврски затоа што се чувствувате дека немате многу сила на сите полиња да го дадете својот максимум.
Љубов: Сакате да остварите некоја нова врска, но не можете да најдете личност која е по ваша „мерка“.
Здравје: Мал пад на имунитетот.