Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинение против едно лице за сторено кривично дело „убиство“. Со поднесеното обвинение, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице.
Како што соопшти Јавното обвинителство, станува збор за инцидентот од 29-ти декември 2018 година, кога обвинетиот околу 17 часот во угостителски објект во Кичево со умисла го лишил од живот сопственикот на објектот.
Без посебен повод и причина, откако претходно разговарале за негово работно ангажирање на некоја работа, обвинетиот го нападнал оштетениот, нанесувајќи му смртоносни убоди со нож.