Претежно нестабилно време за оваа сабота најавуваат синоптичарите.
Според УМХР најмногу на удар од пороен дожд и грмежи ќе биде источниот регион каде невремето ќе биде поинтензивно.
Облачно и нестабилно ќе биде и во главниот град.
Ширум државата температурите ќе достигнат до 25 степени максимум, додека во Скопје максималната дневна ќе биде 24 степени.
Првиот ден од Велигден пак метеоролозите велат дека ќе биде сончево .
Од понеделник ќе има благ пад на дневните температури а од вторник се најавуваат и нови врнежи.