(ВИДЕО) На Тибет отворен највисокиот тунел на светот, на 4.750 метри

Највисокиот патен тунел на светот, на 4.750 метри надморска височина е отворен на Тибет, кој има статус на автономен регион во рамките на Кина, објавија кинеските медиуми.

Тунелот со две коловозни ленти е долг 5,7 километри и е дел од автопатот долг 400 километри кој ја поврзува тибетската престолнина Ласа со градот Нјингчи на југоистокот од Тибет. Градењето на тунелот почна во 2015 година на 5.018 метри високата планина Мила, а беше завршено во понеделникот пишува кинескиот портал The Global Times.

Гонг Бин, извршниот директор на проектот „Mila Mountain Tunnel“, изјавил дека во текот на градењетп остваени се повеќе од 10 технолошки потфати, како на пример подобрување на прецизноста на прегледот на планинските тунели во екстремно студените временски услови и на големи височини. Покрај тоа што морале да се справуваат со студот и недостигот од кислород, околу 2.000 градежни работници биле изложени и на други предизвици, како што е транспортирањето на градежниот материјал и сите други потреби продукти на градилиштетот.

„Работевме таму повеќе од четири години и живеевме во импровизирани населби на влезовот од тунелот“, рекол Ксу Јонг, шеф на градилиштето.

Автопатот е важна сообраќајница кон источниот дел на Тибет и може да помогне во развојот на туризмот, но и за индустрискиот развој, и воопшто со сообраќајкното поврзување да го олесни животот на локалното население.