
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во синоќешното издание на емисијата „Click Plus“ го објаснуваше процесот на избори во втор круг како и потребниот цензус од 40%.
Џафери рече дека доколку не биде постигнат цензус од 40%, на 12-ти мај дека тој ќе треба да ја преземе функцијата на претседател на Република Македонија.
Џафери вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, повика на масовна излезност в недела кога се одржува вториот круг од шестите по ред претседателски избори, а први по потпишувањето на договорот од Преспа.