
По повикот на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо до војската да го поддржи во соборувањето на претседателот Николас Мадуро, на улиците на главниот град Каракас започнаа судири меѓу демонстрантите и полицијата во кои повредени се најмалку 50 лица, пренесуваат медиумите.
И власта и опозицијата тврдат дека ја имаат поддршката од војската, а се чини дека таа сѐ уште е на страната на претседателот Николас Мадуро, поради нискиот интензитет на судирите во текот на продолжението во вторникот, освен кусата престрелка крај воздухопловна база во близина на Каракас меѓу група лица во воени и полициски униформи кои се приврзани на опозицискиот челник Хуан Гуаидо.
По повикот на Гуаидо за почетокот на „Операцијата Слобода“, неговите поддржувачи протестираат во квартот Чакао, каде што демонстрантите започнаа безредија. Полицијата употребила солзавец за да ги растераат. Агенцијата Associated Press, повикувајќи се на началникот на болницата во Чакао, пренесува дека 30 лица се повредени со гумени куршуми, 16 се здобиле со повреди, а три лица биле затруени со гас. Уште еден пациент бил хоспитализиран со прострелна рана од огнено оружје. Полицијата на Чакао за руската агенција РИА ги потврдила безредијата, но не го соопштиле точниот број настрадани, наведувајќи дека службите за спроведување на законот немаат уште официјални податоци.
Претходно во вторникот Гуаидо објави почетокот на „финалната фаза од операцијата Слобода“ со цел да се собори венецуелскиот претседател Николас Мадуро.
Официјални претставници на САД веднаш изразија поддршка на акцијата на Гуаидо и повторно ја повикаа венецуелската војска и високите државни функционери да ја променат страната. Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон, во последната своја изјава повторни упати повик до венецуелските војници да минат на страната на Гуаидо. Според него, во Вашингтон очекуваат промена на власта во Каракас „што е можно поскоро“.
До вторникот вечерта нема ниедна официјална изјава на висок офицер дека ја откажал верноста на актуелната власт, иако од САД имаше такви најави. Министерот за одбнара на Венецуела, Владимир Падрино Лопез порача дека армијата ќе го штити реодт и поредокот и мирниот живот во земјата.
Венецуелскиот министер за надворешни работи, Хорхе Ареас, истакна дека повиците од Вашингтон за поддршка на бунотот „безусловно го издаваат авторството“ на САД во организирањето на обидот за државе преврат. Според него, демократските институции на државата го гарантираат мирот во земјата. Ареас го повика американскиот претседател Доналд Трамп да ги „тргне рацете од Венецуела“.