
По ослободувањето од полицијата, албанската новинска агенција INA (Ilirya News Agency), направи интервју со еден од четворицата Aлбанци кои вчера предизвикаа огромен скандал со поставувањето на големо албанско знаме на Самоиловата тврдина во Охрид.
Полицијата излезе со официјална информација дека се работи за играорна група, но од видеото се гледа дека не се работи само за играорци, туку за албанска група со назив „Арбреши”, која има цел создавање на Голема Албанија, пренесува порталот Лидер.мк
Оваа екстремистичка група, во Охрид и Струга била за да прослави годишнина од некакви битки на Скендербег, а како што вели нејзиниот лидер Ѓерѓ Прекоцај од Ѓаковица, тие ова го направиле затоа што се на нивна земја и Охрид е албански град.
Господ ни ги дал нас овие територии и ќе бидат наши и никогаш нема да ги оставиме, вели Прекоцај за INA и додава дека на Самоиловата тврдина ‘вакво време се веело во времето на Скендербег’.
Инаку, посетата на Охрид од страна на оваа екстремистичка група се случува меѓу двата кругови на локалните избори во Охирд и претседателските избори.
Како што се шпекулира во јавноста, тие се дојдени по повик за да го направат овој потег и со тоа да обезбедат поддршка на локалните албанци во Охрид за кандидатот на власта, Костадин Георгиевски, кој ветува дека ќе го легализира огромното минаре кое се гради во градот во замена за албански гласови.
Во прилог, видео на албански од интервјуто на Прекоцај за INA, а под видеото целосен превод на македонски јазик.
Новинар: Пред нас е Ѓерѓ Прекоцај од Општина Ѓаковица, еден од водачите на групата “Арбреши” која овие денови ги посети Струга и Охрид по повод 552 годишнината од битката на Скендербег. Тие денес поставија едно големо 10 метарско знаме таму каде што било поставено и во времето на….
Прекоцај: Во времето на Ѓерѓ Кастриот Скендербег, каде што ги водел битките и ги бранел албанските земји!
Новинар: Како се чувствувате сега после оваа одлука на истражниот судија која е навистина драконска за еден ваков прекршок изречена е казна од 1100 евра и е наложено парите да ги платите веднаш за да биде ослободени во неработен ден кога не работаат институциите, но благодарение на нашиот адвокат Ардиан Демири оваа работа е завршена и сега ќе ве испратиме за дома?
Прекоцај: И плус ми забранија 5 години влез во Северна Македонија, но оваа е наша земја и нема да застанеме. Му се заблагодарувам на пријателот Шпетим Положани кој ми помогна бидејќи можеше да има и поголеми последици за мене. Исто така му се заблагодарувам на адвокатот Ардиан Демири. Многу ви се заблагодарувам и ние ќе продолжиме за оваа арберска земја, земја на Ѓерѓ Кастриоти, за обединување на албанците каде и да се по светот и со територии и со мисли и никогаш нема да застанеме.
Новинар: Мислам дека оваа административна мерка не ви го расипа расположението и задоволството?
Прекоцај: Не, јас сум уште посреќен им кажав таму им реков дека јас сум албанец и оваа земја е на Ѓерѓ Кастриот им реков. Можеби не им се допаднало но јас ја кажав реалноста не знам како инаку да зборам и тоа е. Многу ви благодарам. Јас сум малку под притисок под емоции од целата ситуација но се чуствувам многу среќен и горд.
Новинар: Госпоѓо, вие да кажете некој збор?
Жената: Јас само два збора ќе кажам. Го дочекавме и ова. Знаевме дека нема да поминеме без да бидеме казнети но ние сме на наша земја ние го сакаме националното обединување.
Новинар: Дејците од време на време ги стигнува казна но овие казни не прават посилни.
Жената: Нас не можат да нѐ запрат ниту казните ниту затворот
Прекоцај: Ова ни дава некоја сигурност за да го продолжиме овој пат бидејќи е наш.
Жената: Ние нема да се откажеме од нашиот пат, не планираме да застанеме
Новинар: Ви посакувам здравје и што побрзо да ни дојдете повторно во Струга
Прекоцај: Да кажам уште еден збор. Господ ни ги дал нас овие територии и ќе бидат наши и никогаш нема да ги оставиме.
Новинар: Да,и се радуваме. Ви благодарам.