Заев бил во Берлин за да ги моли да не објавуваат дека државата нема датум за преговори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за порталот „ Република“ истакна дека по она фијаско, по оној ладен туш од Берлин добил информација дека тоа последно патување на Заев имало друга цел, а тоа е да не се објавува дека Македонија нема да добие датум за преговори.

Да ги замоли европските политичари да не објават дека нема да добие Македонија датум за преговори, за да можат, веднаш по изборите на 5 мај, да обвинат дека ВМРО-ДПМНЕ било виновно за тоа. Тоа е една по малку комична и театрална епизода која што ја имал таму, вели Мицкоски.

Тој порача дека додека сите политичари се борат за иднината на нивната земја, Заев се бори да го обвини ВМРО-ДПМНЕ.